Македонија
16. July 2016 - 16:11

Нема загинати и повредени македонски државјани

Нема загинати ниту повредени македонски државјани при обидот за воен удар во Турција, информираше за Сител амбасадорот во Анкара. Звонко Муцунски вели дека денеска состојбата во земјата полека се враќа во нормала,  но тој ги повика сите наши граѓани кои се наоѓаат во Турција засега да не излегуваат од локациите и хотелите каде се сместени.

-Звонко Муцунски, амбасадор на Р.Македонија во Турција.

Во моментот во Турција има илјадници македонски државјани, од кои голем број се во летувалиштата на годишен одмор. Во Истанбул бројката на наши граѓани е околу 400, изјави за Сител генералниот конзул Зерин Абаз. Таа вели дека сите  се безбедни, вклучувајќи ја и групата од 290 деца од Тетово кои биле во извиднички камп.  Нашинците кои барале информации во конзулатот најчесто се интересирале дали граничните премини кон грција и Бугарија се отворени.

-Зерин Абаз, генерален конзул во Истанбул

Македонецот Славче Војнески кој синоќа за време на обидот за воен удар бил во Турција, сведочи дека состојбата била тензичка, а денеска улиците биле празни.

-Славче Војнески, македонец во Турција

Од МНР ги повикаа сите македонски државјани за информации околу состојбата во Турција да се обратат во амбасадата или конзулатот во Истанбул.

Амбасада на Република Македонија во Анкара

Мобилни телефони:  +905383130343; +905385466691

Телефон: + 903 12 439 92 08

Е-пошта: ankara@mfa.gov.mk

Адреса: Karaca sokak 24/5-6 Gaziosmanpasha Ankara

 

Генерален конзулат на Република Македонија во Истанбул

Мобилен телефон: +90 535 545 80 41

Телефони: T: + 90 212 249 99 77; + 90 212 251 22 33

Е-пошта: istanbul@mfa.gov.mk

Адреса: Inönü Cad., Üçler Apt. No: 12 D 4, Gümüşsuyu, Taksim, İstanbul

 

Министерство за надворешни работи на Република Македонија

Мобилни телефони: +38972 242 783; +38972239045

Телефони: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790

Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk