Нема веќе бесплатен паркинг од 60 минути во Сити мол

Ве известуваме дека СКОПЈЕ СИТИ МОЛ, воведува нов режим во однос на паркингот. Работното време на паркингот од 08 до 01 часот останува исто, додека транзитниот бесплатен период ќе изнесува 30 минути.
Првите 4 саати чинат како и до сега 40 денари, а после тие 4 саати, секој саат чини 40 денари. Со тарифата 4 саати за 40 денари, Скопје Сити Мол останува наејвтин паркинг во Македонија.
Паркингот како и до сега е бесплатен за лицата со инвалидност, со приложување на инвалидската книшка при влез и излез од Трговскиот Центар на лицата од обезбедување.
Инаку, „Скопје Сити мол“ од пред некое време стана прв трговски центар во земјава каде што е поставена станица за полнење електрични и приклучни хибридни возила. Полначот се наоѓа во жолтата зона на подземната гаража на трговскиот и на сопствениците на електрични возила им нуди можност за бесплатно полнење и паркирање за време на престојот во „Сити мол“.
Со поставување на полначот, ЕВН продолжува да ја шири мрежата на јавно достапни полначи за електрични возила која сега има повеќе од четириесет.
-Секој кој поседува електричен автомобил може да го полни без надомест. Голема благодарност до ЕВН што ја препознаа потребата да се постави ваков полнач во „Сити мол“ со оглед на тоа што електромобилните возила се иднината на автомобилската индустрија, знаејќи дека овој тренд полека но сигурно доаѓа кај нас и регионот, изјави Валентина Николовска, менаџер во ТЦ „Скопје Сити мол“.
За да ја користат станицата, сопствениците на електрични возила претходно треба да поднесат барање за електронска картичка за полнење и картичка за паркинг. Барањата за двете картички може да се поднесат на: parking@skopjecitymall.mk . Повеќе информации заинтересираните може да добијат на телефонскиот број: 072/256-913.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
-

МОН воведува нови стипендии - за втор и трет циклус на студии по македонски јазик
-

Субвенции за енергетска ефикасност: Граѓаните сè повеќе инвестираат во инвертер клими, а интересот за гас значително опаѓа
-

Велешанец пронајден мртов во помошна просторија од домот
-

Трамп: Негативна одлука на Врховниот суд во однос на царините би било закана за националната безбедност
-

Кавадарчанец со „мерцедес“ возел 96 километри на час на место каде ограничено е на четириесет
-

Ѓорѓиевски-Ле Риголер: Претставена визијата за долгорочен развој на Скопје, заснована на одржливи политики, европски стандарди
