Македонија
3. October 2022 - 16:45

Нема договор за средба на Мицкоски со владата

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски нема да оди на економскиот совет во владата за да го претстави планот за справување со енергетската криза. Не гледал потреба да се состане со истите луѓе од економскиот совет кои ги додега не се справиле со ниту една криза. Останува отворена понудата која ја нуди , а со која како што вели ќе се заштедат 300 илјади евра, но и ќе се обезбеди доволно струја.

Премиерот Димитар Ковачевски пак не прифаќа состаноци по партиски штабови. Тврди дека официјална покана е испратена до Мицкоски и уште двајца претставници од ВМРО ДПМНЕ за да бидат дел ос состанокот на екпномскиот совет. Дециден е дека Мицкоски се што има треба да достави до ЕСМ најдоцна до среда, рок кој му гопостави и првиот човек на македонски Електрани изјави Христијан Мицкоски

Во среда закажан е состанок екномскиот совет на владата на кој на маса треба да бидат ставен сите понуди за излез од економската криза и да се слушне мислењето на експертската јавност. Во пресрет на состанокот, од влада велат дека погрешна била сликата која се претставува во јавноста дека државата нема обезбедено струја за зимата, битката сега била да се обезбедат пониски цени на енергенсите изјави Димитар Ковачевски