Бизнис
21. September 2020 - 13:15

Нема да се гради карго аеродромот во Штип

Нема да се гради карго аеродромот во Штип. Анализата покажала дека нема економска исплатливост, изјави првиот човек на ТАВ Ерсој.

Парите, 49,7 милиони евра ТАВ ќе ги пренамени за изградба на инфаструктурни проекти во земјава. Кои, допрва ќе се одлучува. 

Најверојтно ќе се градат канализации, водоводи во руралните средини, школи, како и 2 општински згради.

 

Наташа Мерсовска