Свет
2. December 2022 - 13:54

Неколку украински амбасади добиле„крвав пакет“ со животински очи

Неколку украински амбасади во неколку европски земји примиле пратки со животински очи, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.

Претходно, серија писма бомби беа испратени на неколку локации во Шпанија вклучувајќи ја и украинската амбасада, објави „Ројтерс“.

Овој пат пратките пристигнаа на адресите на украинските амбасади во Унгарија, Холандија, Полска, Хрватска и Италија, како и на генералните конзулати во Неапол, Краков и Брно.