Неколку совети, како да станете секс експерт

Веруваме дека овие совети ќе ви бидат од помош да станете “секс експерт”.
Сексот не смее да биде совршен, ниту е
Доколку сте од оние личности кај која се мора да биде под конец, ве советуваме да се опуштите. Сексот е игра и едноставно доживувајте го така. Како што не смее да биде “само обработен”, исто така не смее ниту да ја изгуби својата забава. Тоа се моменти кои исклучително може да ве спојат со партнерот.
Сексот има својствени страсти
Страста е секаде, а особено во сексот. Своите скриени и неисполнети желби пробајте да ги прикажете што порано, како би почувствувале нешто незаборавно и убаво и да направите место за нови желби. Исто така, никој не е секогаш подеднакво страствен. Затоа кога ќе почувствувате страст, искористете ја.
Искуството не е предуслов за феноменален секс
Дали сте спиеле со две или дваесет личности, тоа апсолутно не влијае на тоа како љубовник сте. Важно е само како пристапувате на целата оваа игра. Не е дека е потребно да измислите топла вода повторно.
Мастурбацијата на жените не е “виша математика”
Одамна е пројдено времето на табу тема дека и жените мастурбираат. Мастурбацијата ќе ви помогне да се чувствувате подобро во својата кожа, со самите себе си, да се запознаете подобро. Исто така, немојте да бегате од сексуалните играчки. Повеќе од половина жени и скоро половина мажи во некои моменти на својот живот користат вибратор.
Дури и кога сте сами би требало да размислите за својот сексуален живот
Не треба да мислите на сексот како нешто што би требало само да го имате во големи количини. Замислувајте, бидете сигурни во тоа што го сакате, бидејки зошто да не, што ве спречува?
Изгледајте совршено
Како што велат, секое женско интимно подрачје е различно од следното, но секако пожелно е да имате партнер. Водете сметка за себе, за својот изглед, како и за своето здравје.
Не дозволувајте да ви биде страв од превземање на иницијатива
Сакате да пробате нешто ново во креветот но ништо не правите по тоа прашање. Знаете како, не е дека ќе ви се случи паѓање од небо, или било што друго! Превземете иницијатива, или барем за почеток кажете што ви се врти во главата и колку ве интересира тоа.
Силен секс не треба да биде и болен
Не е во ред доколку нешто ви смета да го премолчите и да дозволите односот да се продолжи. Сексот треба да биде заедничко задоволство, а доколку неугодностите се повторуваат разговарајте со својот партнер, но и со доктор.
Бидете отворени
Нема потреба од скромност. Откријте ги своите желби и фантазии. Исто така бидете и сами отворени за нови работи. Тоа вас ќе ве спои и ќе ви обезбеди уште поголемо уживање.
Ново на Сител
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
-

Во Струмица откриено спомен обележје за Ѓоко Ѓоргиев и жртвите од пожарот во Кочани
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
