Фудбал
13. April 2021 - 11:07

Нејмар: Му должам на Мбапе за радоста што сум тука

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар проговори за неговиот однос со соиграчот Килијан Мбапе.

– Тој ме научи како е да се биде Французин. Ми раскажа за францускиот менталитет. Јас многу му ја должам за мојата адаптација и радоста што сум тука. Ме трогна типот на личноста. Килијан е многу внимателен, секогаш среќен, љубезен и пријатен во комуникацијата со сите. Тој е многу пријатна личност. Затоа, се согласуваме уште од  првата наша средба. Секако, тогаш имав можност да видам како тренира, да ја оценам неговата брзина, сет на активности, интелигенција и желба за развој. Тогаш си реков: „Тој е нашето златно момче!

Само брзината е безвредна. Треба да бидете доволно паметни за да го користите, а Килијан е таков. Тој не само што е брз и паметен, туку има и значителен спектар на трикови, изјави Нејмар.

ПСЖ вечер со почеток во 21 часот во Париз го пречекува Баерн во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.