Македонија
24. February 2021 - 12:13

Неготинец загинал откако со трактор излетал од патот

Вчера во 15.10 часот на патниот правец Неготино - с.Курија се случила  сообраќајна незгода во која Т.Е.(75) од Неготино, управувајќи трактор „ИМТ-539“, со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и од здобиените повреди починал на местото на незгодата, соопштуваат од МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Неготино.