Македонија
21. July 2018 - 18:03

Небезбедни плажи во Охрид и Струга

30% од охридските капалишта и 50 % од струшките и ова лето се небезбедни.И покрај тоа што сите плажи согласно законот мора да имаат обележана водена површина,пунк за прва помош и спасители на вода дел од концесионерите сеуште ги немаат обезбедено потребните услови за безбедно капење.Од Црвениот крст ангажирани се 80 обучени спасители а во фукција се ставени и пет спасителни чамци.

Од Црвениот крст апелираат до капачите да внимаваат и да бидат претпазливи бидејќи оваа година нивото на охридското езеро е повисоко.

Инаку и покрај лошите временски услови ова лето спасителите на вода со полни раце работа тие досега имале 120 интервенции на укажување прва помош и 2 интервенции на извлекување на давеници во Љубаништа.