Не е злато се што сјае: Скопјанец измамен на стара финта
Вчера во 10.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, З.С.(72) од село Ракотинци, скопско, пријавил дека на први овој месец во периодот од 12.00 до 13.00 часот бил измамен од две непознати лица за сума од 11.400 денари.
Според пријавата, лицата му се доближиле на улица „Христо Татарчев“.
Едното лице се претставило дека е од Македонија, а другото од Норвешка. Лицето што се претставило дека е од Македонија му кажало дека имале сообраќајна незгода и дека треба да му даде пари на странецот.
Му побарало пари за да му покаже на странецот затоа што тој не ги разликувал македонските пари, а како гаранција му оставил часовник со жолта боја кој наводно чинел 70.000 денари.
Откако пријавителот му ги дал парите, лицата си заминале и му рекле да ги причека.
Откако поминал еден час пријавителот сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море