Македонија
7. јуни 2016 - 12:26

Не е скапо: Погледнете колку чини приватното сместување во Охрид оваа година


Охрид и оваа година ќе ги привлекува туристите со послаба куповна моќ со ниските цени во приватното сместување.


Оние кои сакаат во приколка, ќе ги чини 1000 денари. Ако го поделат на 4 лица, по 250 денари дневно е коректна цена.

Подалеку од буката, во Љубаништа, се ноѓа апартман за 350 денари по лице.

Во центарот на Охрид цените се различни, во зависност од апартманот и местоположбата.