Кошарка
28. December 2016 - 10:38

НБА: Жестока ноќ во Далас

 
МАКФАКС
Спорт  Меѓународен
НБА: Осум технички во Далас, нов трипл дабл на Вестбрук
28.12.201620
Сподели на Facebook Сподели на Twitter   
Нов трипл дабл, 15-ти во сезоната, на Расел Вестбрук, тројката на Џо Инглс со која Јута славеше кај Лејкерси и наелектризираниот меч со осум технички грешки во Далас го обележаа НБА натпреварите одиграни изминатата ноќ.
 
Расел Вестбрук нема намера да ја застане со својата неверојатна серија. Вестбрук во победата на Оклахома во Мајами 106:94 имаше учинок од 29 поени, 17 скокови и 11 асистенции. Интересно плејмејкерот на Оклахома сам имаше повеќе дефанзивни скокови од целата стартна петорка на Мајами.
Тексашкото дерби во Далас мина во знакот на убедливиот триумф на Хјустон 107:123 и наелектирзираната атмосфера на теренот кој за малку не прерасна во општа тепачка.
 
Џејмс Харден оствари двоен ефект од 34 поени и 11 асистенции, тој беше еден од оние кои добија техничка.
 
„Се служеа со секакви валкани трикови. Ниту играчите, ниту нивните тренери не покажаа никаквна почит. Не знам каков е нивниот проблем, но мислам дека тие не натераа да одиграме најдобро што можеме. Со валкани трикови и „удари под појасот“ само не разбудија, потоа се беше готово“, рече Харден.
 
Во третата четвртина судиите досудија пет технички грешки, а исклучен беше крилниот играч на Хјустон, Тревор Ариза.
 
Ариза по натпреварот го чекал пред соблекувалната центарот на Далас Салах Мејири, но обезбедувањето спречило тепачка помеѓу играчите.
https://