Кошарка
17. January 2021 - 9:29

НБА: Портланд ја надигра Атланта

Портланд Трејл Блејзерс ја победи Атланта Хоукс со 112: 106.Лилард одигра уште еден одличен натпревар и со 36 поени, 7 скока и 7 асистенции беше лидер на Портланд во уште една победа.

Што се однесува до самата игра, Блејзерси се мачеа доста. „Јастребите“ постигнаа 38 поени во првото полувреме, имаа и двоцифрена предност во еден момент од играта, но Портланд поведоа со 98:94 на 6 минути пред крајот и благодарение на добро изведените слободни фрлања на Јанг стигнаа до победата од 112-106.