Кошарка
28. April 2021 - 10:56

НБА: Нова „бравура“ на Дончиќ

Далас Маверикс, предводен од Лука Дончиќ, го декласира Голден стејт Вориорс со 133:103.
 
Дончиќ натпреварот го заврши со 39 поени, шест скока и осум асистенции. Уште шестмина играчи на Далас постигнаа двоцифрен број поени.
 
Вориорс го предводеа Кари со 27 и Малдер со 26 поени.
 
Далас победата ја обезбеди во првата четвртина, која ја заврши со предност од 24 поени (36:12). Разликата на почетокот на последната четвртина беше 43 поени. Во финишот на мечот, поради неспортска грешка, беше исклучен центарот на Далсс, Бобан Марјановиќ.
 
Далас ја забележа четвртата победа на последните пет натпревари, а за Вориорс ова е третиот пораз на последните десет натпревари.