Кошарка
4. December 2015 - 10:33

НБА лига: Вејд погоди слободни за победа на Мајами

Екипата на Мајами ноќеска ја постигна 11.та победа сезонава откако на домашен терен беа поуспешни од Оклахома Сити. Најдобриот поединец на дуелот Двејн Вејд на 1.5 секунди до крајот на натпреварот ги реализираше двете слободни фралања за победата на својот тим. Вејд со 28 поени беше и најефикасен, додека кај гостите Кевин Дјурант и Расел Вестбрук постигнаа по 25 поени, притоа Вестбрук го промаши последниот шут за „тројка“. Екипите одиграа изедначен натпревар, а водството се менуваше 38 пати и 11 пати резултатот беше нерешен.
 
Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
Мајами – Оклахома Сити 97:95,
Торонто – Денвер 105:106,
Јута – Орландо 94:103,
Мемфис – Сан Антонио 83:103,
Портланд – Индијана 123:111 и
Сакраменто – Бостон 97:114.
 
Вечерва се играат шест натпревари.