Кошарка
3. January 2016 - 8:27

НБА лига: Голден Стејт по продолжение до триумф над Денвер

По дополнителните пет минути шампионот Голден Стејт успеа да стигне до нова победа. Совладан беше тимот на Денвер. Почетокот на дуелот не навестуваше продолжение откако Голден Стејт имаше водство од 37:13 по првиот период.Сепак гостите ги добија следните три периода, а последниот со 25:12 и се изборија за дополнителните пет минути во кои резултатот беше 9:6 за Голден Стејт.
Кај првакот по два пропуштени натпревара се врати Стеф Кари, кој одигра речиси 15 минути (5 поени, 4 асистенции), а повторно добри беа Грин - 29 поени, 17 скокови и 14 асистенции и Томсон со 26 поени. Кај Денвер тројца играчи имаа 20 и повеќе поени, но се покажа како недоволно за триумф.
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели: 
Голден Стејт - Денвер 111:108, 
Бостон - Бруклин 97:100,
Сакраменто - Феникс 142:119, 
Шарлот - Оклахома Сити 90:109, 
Индијана - Детроит 94:82,
Кливленд - Орландо 104:79, 
Минесота - Милвоки 85:95, 
Далас - Њу Орлеанс 98:105, 
Сан Антонио - Хјустон 121:103, 
Јута - Мемфис 92:87 (по продолжение),
ЛА Клиперс - Филаделфија 130:99.