-->
-->
НБА лига: Џејмс и Ирвинг донесоа победа за шампионот
-->

Шампионот на НБА лигата Кливленд постигна победа ноќеска на гостински терен против Минесота. Во текот на дуелот двете имаа водство, но сепак во последниот период Кливленд прими само 15 поени што беше еден од факторите за победата. Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг кај Кливленд заедно постигнаа 50 поени (двајцата по 25) со 21 асистенција, додека најефикасен на дуелот беше Ендрју Вигинс од Минесота со 41 поен.
Чикаго ја продолжи победничката серија над Торонто откако го совлада на домашен терен и има низа од 11 победи, додека Сакраменто предводен од ДеМаркус Казнс, кој имаше 40 поени и 12 скока оствари минимална победа над ЛА Лејкерс.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Минесота – Кливленд 108:116,
Чикаго – Торонто 105:94 и
ЛА Лејкерс – Сакраменто 96:97.
Пласман Источна конференција: Кливленд 38-16(победи-порази), Бостон 36-19, Вашингтон 33-21, Атланта 32-23, Торонто 32-24, Индијана 29-26, Чикаго 27-29, Детроит 26-30,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 46-9, Сан Антонио 42-13, Хјустон 40-17, ЛА Клиперс 34-21, Јута 34-22, Мемфис 34-23, Оклахома Сити 31-25, Денвер 25-30,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
