Кошарка
25. October 2017 - 15:40

НБА: Леброн го предводеше Кливленд до победа над Чикаго

Кошаркарите на Кливелнд постигнаа нова победа откако пред своите навивачи го совладаа Чикаго, а најзаслужен беше Леброн Џејмс кој запиша 34 поени. Орландо го победи Бруклин, а Арон Гордон постигна рекордни во кариерата 41 поен.
 
Њујорк и натаму е без победа откако зафуби на гостувањето кај Бостон, додека единствената гостинска победа ја постигна Индијана над Минесота. И без Милош Теодосиќ ЛА Клиперс ја победи Јута, додека 39-те поени на Де Маркус казнс беа недоволни за победа на Њу Орлеанс против Портланд.
 
Резултати:
 
Кливленд - Чикаго 119:112,
 
Орландо - Бруклин 125:121,
 
Бостон - Њујорк 110:89,
 
Минесота - Индијана 107:130,
 
Портланд - Њу Орлеанс 103:93,
 
ЛА Клиперс - Јута 102:84.