Кошарка
7. јуни 2018 - 19:40

НБА: Кливленд немоќен против шампионот

Голден Стејт на прагот да ја одбрани шамионската титула во НБА лигата откако оствари победа во Кливленд од 100-102 за водство од 3-0 во серијата до 4 победи. 
Ѕвезда на вечерта беше Кевин Дурент со 43 поени во меч кој започна добро за домаќинот и Кливленд на 4 минути до полувремето имаше предност од дури 13 поени. 
Вориорс се вратија резулатски во третата четвртина со серија од 13-3 со што направија пресврт и водство од 5 поени по што се разгоре жестока битка се до тројката на Дурент на 50 секунди до крајот кога противникот беше скршен. 
И следниот меч се игра во Кливленд.