Кошарка
3. December 2021 - 8:13

НБА: Кливленд конечно по десет години победи во Мајами

 Кошаркарите на Кливленд со 111-85 победија на едно гостување во Мајами, прв пат по пауза од десет години.

Играчот на домашната екипа Данкан Робинсон натпреварот го заврши со шут за три поени од 0-6 со што ја прекина втората најдолга низа во НБА лигата од 69 натпревари со најмалку една постигната тројка. Робинсон мина на паркетот 20 минути и притоа не успеа да запише поени, скокови и асистенции.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу средата и четврток:

ЛА Клиперс – Сакраменто 115-124

Индијана – Атланта 111-114

Орландо – Денвер 100-109

Вашингтон – Минесота 115-107

Бостон – Филаделфија 88-87

Мајами – Кливленд 85-111

Милвоки – Шарлот 127-125

Њу Орлеанс – Далас 107-139

Оклахома – Хјустон 110-114.