Кошарка
1. јуни 2018 - 12:52

НБА: Кливленд испушти победа

Голден стејт вориорси водат со 1-0 против Кливленд кавалирс во големото финале во НБА-лигата. Вориорси по продолжението славеа 124:114 откако Џералд Грин пропушти шанса да им ја донесе победата на Кавалирси во регуларниот дел од натпреварот.

Четвртата последовна финална серија помеѓу Вориорс и Кавалирс почна во Оукленд со драматична победа на домаќинот, кој успеа да го преживее неверојатното издание на Леброн Џејмс. „Кралот Џејмс“ натпреварот го заврши со личен плеј-оф рекорд од 51 поен.

Кливленд ќе жали за пропуштената шанса бидејќи на пет секунди до крајот на регуларниот дел Грин при резултат 107:106 реализира само едно слободно фрлање.

Во продолжението Кавалирси немаа сили да се изборат со противникот. Вориорси со неколку тројки ставија точка на мечот.

Покрај Леброн, кај Кливленд се истакна уште и Кевин Лав со 21 поен и 14 скока.

Вориорс го предводеше Стеф кари со 29 поени, Кевин Дурент постигна 26, а Клеј Топмсон 24 поени. Одличен меч одигра и Дрејмонд Грин, кој во финишот погоди две важни тројки, а мечот го заврши со 13 поени, 11 скока, девет асистенции и пет блокади.