Кошарка
9. February 2016 - 10:37

НБА: Јубилеен трипл-дабл за Леброн

Суперстарот на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, го запиша својот 40-ти ’трипл дабл’ во кариерата и го предводеше тимот до победата над Сакраменто 120:100.
 
Натпреварот против Сакраменто, Џејмс го заврши со 21 поен, 10 скокови и исто толку асистенции. Покрај Џејмс, кај Кливленд блескаше Кајри Ирвинг со 32 поени и 12 асистенции. Најефикасен кај Сакраменто беше Руди Гејс со 26 поени, додека Режон Арондо имаше учинок од седум поени, осум скокови и 16 асистенции.