Кошарка
25. May 2018 - 10:25

НБА: Хјустон на прагот на сензација води против Г.Стејт

https://

Кошаркарите на Хјустон ја искористија предноста на домашниот терен и го добија 5. меч од финалето на западната конференција против шампионот Голден Стејт со 98-94 што им донесе водство од 3-2  во серијата до 4 победи.
Хјустон оствари двоцифрено водство од самиот старт и успеа да го зачува до крајот на мечот. 
Гордон беше најефикасен со 24 поени во победничкиот тим додека кај Вориорс се истакна Дурент со 29.