Кошарка
25. November 2019 - 15:34

НБА: 41 поен на Дончиќ во Хјустон

Лука Дончиќ одигра уште еден брилијантан натпревар во НБА лигата. Словенецот го предводеше Далас до победата над Хјустон 137:123 во дербито на Тексас.
 
Дончиќ натпреварот против Хустон го заврши со 41 поен, 10 асистенции и шест скока. Далас водеа од првата до последната секунада, во првото полувреме имаа предност и од 19 поени.
 
Хјустон во второто полувреме, во еден момент успеаја да се доближат на негатива од само пет поени, но Харден и Вестбрук немаа сили за целосен пресврт.
 
Покрај Дончиќ одличен меч за Далас одиграа и Тим Хардавеј (31 поен), односно Кристапс Прозингс (23 поени, 15 скока).
 
На спротивната страна Џејмс Харден забележа 29 поени и 11 асистенции, но погоди само десет од 23 шутеви од поле. Расел Вестбрук заврши со 27 поени, а Клинт Капела одново имаше монструозен „дабл-дабл“ (19 поени, 22 скока).