-->
-->
Наутро студено, преку ден сончево со температура до 10 степени
-->
Времето денеска во утринските часови ќе биде многу студено, а преку ден сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната од 3 до 10 степени.
Во Скопје, ќе биде многу студено, а преку денoт сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 7 степени.
За недела, синоптичарите најавуваат зголемена облачност и умерен до засилен северен ветер, како и услови за локален слаб снег на планините.
Од понеделник следува период на стабилно време со пораст на утринските и дневните температури.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море