Здравје
26. May 2016 - 19:16

Научниците признаа: Менструалната болка е посилна од онаа при срцев удар

Eден експерт го потенцираше шокантниот недостаток на истражувања за менструалната болка, велејќи дека болката може да биде силна колку и срцев напад.

„Мажите не ја сфаќаат болката и таа до сега не беше доволно потенцирана“, изјавува Џон Гилбод, професор по репродуктивно здравје на Универзитетот во Лондон.

Многу од оние кои страдаат од силни менструални болки се помируваат со тоа дека нема што да направат, освен да се напијат апче против болка, да си легнат со термофор и да се молат болките да поминат.

„Мислам дека тоа е нешто што на кое треба да му се обрне внимание колку и на се друго во медицината“, вели докторот.

Докторите во случаите со најсилни болки препорачуваат и хормонска терапија, но тоа е се што може да се направи.

Дали мислите дека приказната би била друга кога момците би искусиле вакви болки? Колку и да звучи тоа депресивно, одговорот веројатно е да.