Научници открија најголем соларен систем во Вселената
Група научници и астрономи открија планета која се движи во орбитата околу своите ѕвезди од која е оддалечена околу трилион километри.
Така научниците го открија најголемиот соларен систем до сега регистриран во Вселената, а го сочинуваат планета 2MASS J2126-8140 и црвената ѕвезда TYC 9486-927-1 околу која оваа планета се движи.
Оддалеченоста меѓу планетите и ѕвездите во центарот на новооткриениот систем е седум илјади пати поголема од оддалеченоста меѓу Земјата и Сонцето.
За еден круг околу нејзината ѕвезда планетата на споменатиот систем е потребно околу милион години.
Професорот од Националниот универзитет во Австралија, Сајмон Марфи рече дека новооткриениот соларен систем е трипати поголем од досега познатиот најголем систем во Вселената. Тој тврди дека и научниците се изненадени дека така лесен објект орбитира на така голема оддалеченост од својата ѕвезда.
Ѕвездата 2MASS J2126-8140 е 15 пати поголема од Јупитер, најголемата планета на нашиот Сончев систем.
Новооткриениот соларен систем од Земјата е оддалечен околу 100 светлосни години или шест октилиони милји (овој број има 27 нули).
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош