Македонија
11. February 2019 - 16:13

Наспроти ветувањето за транспарентност, ревидирање на одбиените проекти од културата зад затворена врата

Иако најавена како јавна ревизија на одбиените барања за финансирање проекти, Комисиите при Министерството за култура, зад затворени врати ги преразгледуваа барањата. На новинарските екипи им беше дозволено само снимање на почетокот на работата на стручните комисии.

На поставените прашања од Министерството за култура преку соопштение одговорија дека во буџетот има доволно средства за евентуално новоодобрени проекти. Засега не е одреден ниту рок, кога ќе биде завршена комплетното преразгледување на поништените проекти.

Од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека веќе втора година, Годишната програма се носи на нетранспарентен и скандалозен начин. Велат дека со неа се оштетува меѓуетничкото ткиво во земјава, а ќе побараат и надзор за начинот на кој се носи програмата.    

Разгледувањето на одбиените апликации следува по бурните реакции во јавноста при годинашната распределба на пари за проекти од национален интерес во културата. При првичниот избор изоставени беа реномирани музички фестивали, незадоволни се театарските работници, но и оние од фолклорните здруженија

По првичната селекција беа поништени половина од пристигнатите пет илјади 5560 апликации.

Во Министерството за култура, но и засегнатите апликанти, се надеваат дека ревидираниот конкурс ќе ги смири реакциите во јавноста и дека ќе донесе правилна распределба на пари за проекти од културата.