Македонија
25. November 2019 - 11:11

Наскоро воден свет во Зоолошка градина Скопје

Воден свет, или просторија со големи аквариуми за риби и други водни животни, ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје.

-Одамна ни беше во план ова да го направиме. Во секоја од европските зоолошки има огромни аквариуми кои се многу посетени, а рибите и морскиот свет се важен дел од училишната едукација на секое дете, соопштија денеска од Зоолошката градина во Скопје.

Моментно појаснуваат, дека се изработува проект за тој објект и се надеваат оти во координација со градоначалникот Петре Шилегов и со поддршка на градот во 2020 година Скопје ќе добие „морски свет“.