Македонија
30. January 2017 - 12:55

Насилно влегол и украл милиони од куќа во Скопје

 
Во неделата во 20 часот 36-годишниот Д.Т. од населбата Илинден-Скопје пријавил дека во периодот од 26.01.2017 до 28.01.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа.  
 
Сторителот насилно влегол внатре и по извршеното пребарување во една соба пронашол метален сеф кој насилно го отворил и од истиот одзел 1.200.000 денари, 10.000 евра, 2.000 американски долари, разновиден златен накит и седум  парфеми, информираат од МВР.
 
Во друга соба пронашол и одзел женски паричник во кој имало 2.000 долари, 3.000 денари и 270 српски динари, По што го напуштил местото на настанот.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.