НАСА на „Твитер“ објави видео каде што се слуша црна дупка
На својот „Твитер“ профил НАСА ги објави звучните бранови кои доаѓаат од црна дупка.
„Заблудата дека нема звук во вселената доаѓа од фактот дека поголемиот дел од вселената е вакуум, низ кој не може да патуваат бранови. Јатото галаксии има толку многу гас што го снимивме вистинскиот звук. Овде тој е засилен и измешан со други додатоци за да се слушне црната дупка“, напишаа под видеото.
Таканаречената сонификација се разликуваше од претходните напори кои беа сведени на преведување на астрономски податоци во звук. Овој пат звучните бранови снимени од научниците беа преточени во звук.
НАСА објасни дека овие звучни бранови потоа се ресинтетизираат во звуци што луѓето можат да ги слушнат. Снимените тонови биле кренати за 57 или 58 октави и не биле репродуцирани со виолини или други инструменти
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење