Македонија
25. May 2017 - 16:55

„Напиши љубов во 140 карактери“ - награден конкурс на „Рацинови средби“

Здружението на граѓани „ФАД Стоби“, во својство на организатор на 54. „Рацинови средби“, го објавува и последниот награден конкурс „Напиши љубов во 140 карактери“, наменет за корисниците на социјалната мрежа „Твитер“.

Како што појасни Васил Зафирчев, директор на Рациновите средби, целта на конкурсот е поттикнување на креативноста, ширењето љубов и промоција и афирмација на љубовната поезија на Рацин на официјалниот твитер профил на манифестацијата @racinovisredbi. 

- Бидете креативни, ширете љубов и твитајте ги вашите љубовни пораки на македонски јазик, со кирилично писмо и хаштаг #rs, повика Зафирчев.

За најубавата твитер љубовна порака предвидена е вредна награда која ќе биде доделена на свеченото отворање на „Рациновите средби“ на 9 јуни во Велес.

Конкурсот ќе трае до 1 јуни 2017.