Македонија
16. November 2015 - 18:19

Нападнат референт во Дирекцијата на УЈП во Тетово

Ѓ.Ш.(52) вработен како референт во Дирекцијата на УЈП во Тетово денеска околу 10 часот  бил физички бил нападнат од Р.И.(47) од Тетово додека бил во својата канцеларија, информираше портапаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоввски.

Според неговите податоци, Р.И. започнал куса вербална расправија околу нерегулирани даночни обврски на неговиот брат по што го нападнал рефернтот на УЈП,  удирајќи го со шлаканица по лицето при што му ги оштетил очилата и му нанел видливи повреди на лицето.

Веднаш по инцидентот случајот бил пријавен во Полициската станица Тетово по што за кусо време Р.И. бил пронајден и приведен од полициски службеници на СВР Тетово.

- По извршениот  разговор со него и по целосно расчистување и документирање на случајот Р.И. ќе се соочи со соодветен поднесок, најави Јосифовски.