Македонија
5. August 2016 - 16:56

Нападнат полициски службеник од Битола

Татко и син од Битола, А.Ј. (42) и Џ.Ј. (19), физички нападнале началник од Секторот за внатрешни работи додека извршувал службено дејство на улицата „Ѓорги Сугарев“.

Началникот пријавил дека вчера, околу 14 часот, откако го паркирал службеното возило „цитроен берлинго“ на улицата, двете непознати лица се упатиле кон него, почнале да викаат и да го навредуваат со погрдни зборови зашто не можеле да поминат.

Најпрво синот го удрил полицаецот, а потоа и таткото, нанесувајќи му повреди во пределот на главата.

А.Ј. и Џ.Ј. се лишени од слобода и се задржани  во полициска станица. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава.