Намалени приносите на жито во Крива Паланка и Ранковце
Околу осумдесет отсто од засеаните површини со житни култури во Крива Паланка и Ранковце се ожнеани. Според досегашната количина на собрано жито, приносите од жетвата ќе бидат пониски во однос на изминатите години, информираат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Крива Паланка.
- Реколтата од житото ова лето е далеку пониска од просечната, иако има уште површини кои треба да се ожнеат. Приносите од пченица се движат околу 1,5 тони на хектар засеана површина, а речиси идентично е и со останатите житни култури, изјави Влатко Ристовски, советник во стручната канцеларија на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството од Крива Паланка.
Ова, како што рече, се должи на лошите временски услови, врнежите и поплавите кои ја зафатија Македонија годинава, поради што е намален квалитетот на житните култури, а и се редуцирани приносите.
Во Крива Паланка и Ранковце оваа година беа засеани околу 560 хектари пченица, 690 хектари јачмен, на 110 хектари беше засеан овес, на 140 хектари тритикале и на 90 ’рж.
До крајот на неделава се очекува жетвата на територијата на двете општини да заврши, а со тоа и ќе биде утврдена вкупната годинашна реколта.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката