Бизнис
3. November 2016 - 12:05

Намалена невработеноста во Романија

Нивото на невработеност во Романија се намалило во септември за 1,7 отсто месечно и за 17,5 проценти годишно, достигнувајќи 5,9 отсто, што претставува најниско ниво од почетокот на 2009 година, покажуваат податоците на Националниот статистички институт.

Бројот на невработните на возраст меѓу 15 и 74 години во септември оваа година изнесувал 520.000 лица, што претставува намалување во споредба со претходниот месец (529.000) и во однос на септември минатата година (630.000 луѓе).

Во однос на половите, невработеноста кај мажите е за 1,9 проценти поголема отколку кај жените, односно 6,7 отсто кај мажите и 4,8 отсто кај жените.