Најстудено во Битоа -11, најмнгу снег во Маврово 18 сантиметри
Најстудено утрово е во Битола со -11 степени, во Тетово и Дебар се измерени -8, во Прилеп-7, Струмица -6, Берово, Штип и Демир Капија -5, Охрид -3. Над нулате е во Скопје и Куманово со три степени, Велес и Дојран четири и Гевгелија со седум степени, соопшти УХМР.
Најмногу снег, пак, има во Маврово 18 сантиметри, Дебар 15, Битола 14, Берово 11, Попова Шапка и Крушево по 10 сантиметри.
Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена облачност. Изутринава е сончево со мала облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.
Ново на Сител
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици