Најстудено во Берово, од четврток значителен пораст на температурите
Најниска температура изутрина во седум часот е измерена во Берово – 11 степени, по што следат Маврово со – 10, Крива Паланка со – 8 ,Тетово, Штип и Лазарополе со – 7, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Дебар, Виница и Крушево со – 6. Во Скопје Петровец, Претор и Битола се измерени – 5, во Скопје Зајчев Рид и Куманово – 4, а Охрид – 3, во Дојран еден степен, а три во Гевгелија.
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината на снежната покривка изнесува 74 сантиметри, во Маврови Анови 56 сантиметри, во Крушево 21…
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.
Утре ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, а на планините локално ќе провејува слаб снег, претежно во северните делови. Потоа, во четврток и петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, особено во петок кога во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина