Најпотценетите паметни телефони во 2018 година
Во 2018 година на пазарот се појавија многу паметни телефони. Поради тоа не е изненадување дека дел од нив не добија достојна доза од нашето внимание.
Во следните редови ќе ги споменеме најпотценетите модели. Вреди да се потсетиме барем за миг, пред да ги видиме новите предлози на компаниите, кои ќе се појават уште на стартот на 2019-та година.
„Блекбери Ки2“ (BlackBerry Key2)
Смартфонот е базиран на „Андроид“ и претставува најсовремениот уред на канадската компанија. Тој нуди физичка тастатура, што веднаш го прави помалку посакуван за пошироката јавност. Оди со 6 ГБ РАМ меморија, 128 ГБ флеш меморија, 12 МП камера и батерија со капацитет 3500 милиампер часови.
„ЛГ Г7“ (LG G7)
„Моторола Уан Пауер“ (Motorola One Power)
„Моторола Уан Пауер“ ќе ве освои со процесор „Снапдрагон 636“, батерија со капацитет од 5.000 милиапер часови, 16 МП главна камера, 12 МП селфи камера, порта тип-Ц, 3/6 ГБ РАМ меморија, 6,2-инчен ФХД + дисплеј.
„Сони Експериа ХЗ2 Компакт“ (Sony Xperia XZ2 Compact)
Дали има друг толку компактен уред со карактеристики на предводник? Работи со процесор „Снапдрагон 845“, има 4 ГБ РАМ меморија, 64 ГБ флеш меморија, батерија со капацитет 2870 милиампер часови, поддршка на конвертирање од „СДР“ во „ХДР“. Смартфонот има уште 19 МП камера со поддршка за 4К „ХДР“-запис и „Сло-мo“ до 960 кадри во секунда.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората