Loading Video...
Спорт плус
11. February 2020 - 16:06

Најмногу пари од новата ваучерска распределба ќе заработи ракометот

Најмногу пари од новата ваучерска распределба распределбата на финансискиот колач кој го дава државата ќе заработи ракометот.
 
Агенцијата за млади и спорт ги објави сумите кои ќе ги добијат спортистите, клубовите и федерациите со распределба на новите 10 милиони евра, преку Законот за ослободување од данокот на добивка
 
Најмногу пари се наменети за европскиот ракометен првак Вардар, кој доби 21,8 милиони денари или околу 355.000 евра. 
 
За разлика од нив фудбалерите на црвено-црни ќе имаат двојно помалку (10,5 милиони денари), 
 
Вториот македонски претставник во ракометната Лигата на шампиони, Еурофарм Пелистер, доби ваучер во износ од околу 300.000 евра (17,9 милиони денари), додека Ракометната федерација на Македонија (РФМ), треба да инкасира околу 370.000 евра (22,835 милиони денари). 
 
Иако актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје со 15,8 милиони денари за првиот тим, но и 4,9 милиони денари за вториот тим кој исто така игра во Првата лига, е веднаш за вардаровите колектив, сепак Кошаркарската федерација е трето рангирана со износ околу 270.000 евра (16,615 милиони денари), зад Одбојкарската Федерација која благодарение на пласманот на машката селекција на ЕП ќе инкасира  над 18,6 милиони денари. 
 
Од индивидуалните спортисти очекувано државата најмногу пари намени за  борачот Магомедин Нуров (700.000 денари) кој е единствениот кој досега обезбеди норма и учество за настап на ЛОИ во Токио, 
 
Актуелниот фудбалски првак Шкендија кој треба да инкасира  11,5 милиони денари е дури седмо рангиран меѓу клубовите, додека за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) нема ниту еден денар. 
 
Листите со сите федерации, клубови и индивидуални спортисти може да ги погледнете на следните линкови.