Македонија
7. December 2025 - 10:30

Најмногу дожд во Гевгелија, од утре стабилизација на времето

Во изминатите 24 часа најмногу дожд, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, наврнало во Гевгелија (пет литри на метар квадратен), а намлаку во Охрид, Велес и Пожаране. 

За денеска, од УХМР најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд во северозападните региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје, слично време со максимална температура до 12 степени.

Веќе од утре се очекува стабилизација на времето.

 

МИА