Свет
7. April 2017 - 15:54

Најмалку три лица загинаа во Стокхолм, откако камион влета во толпа луѓе

Најмалку три лица загинаа откако камион влета во шопинг центар во центарот на Стокхолм, соопшти полицијата, јавува Гардијан.

Засега не се знае точниот број на повредени во инцидентот.

Западните медиуми јавуваат дека целиот реон е блокиран од полицијата.

Сведок за локалните медиуми изјавил дека видел стотици луѓе како бегаат од нешто, за да се спасат.