-->
-->
Најмалку петмина повредени во Киев при ракетен напад врз станбена зграда
-->
Најмалку пет лица се повредени денеска во Киев кога проектил погоди станбена зграда во централниот дел на градот, соопшти началникот на украинската полиција Игор Клименко.
Претходно денеска беше соопштено дека во Киев е погодена зграда на девет катови.
Украинските власти нагласија дека станува збор за руски ракетен напад, а градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко го опиша нападот како обид да се заплаши Украина во пресрет на самитот на НАТО.
Се верува дека под урнатините на зградата има затрупани луѓе. Од таму спасени се седумгодишно девојче и неговата мајка, јави ДПА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто