Балкан
29. September 2016 - 17:42

Најмалку четворица мигранти загинаа при потонување на чамец во близина на Бодрум

Во близина на Бодрум, југозападниот брег на Турција денеска потона гумен чамец со кој се превезувале 31 мигранти. По несреќата турската крајбрежна стража спаси четири лица, но од морето извади и четири тела, додека 23 мигранти се водат како исчезнати.

Во операцијата на потрага и спасување учествуваат неколку бродови, еден хеликоптер и еден авион.

Повеќе од еден милион мигранти и бегалци пристигнаа во Европа во 2015 година, а речиси 3.800 се удавија во Средоземно Море