Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар

– Бројот на загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар се искачи на 66, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Уште 51 лице е повредено, изјави Јерликаја во провинцијата Болу каде се наоѓа хотелот, на околу 300 километри источно од Истанбул. – Многу ни е жал, рече министерот, пренесе ДПА.
Во хотелот во популарниот ски-центар Карталкаја, каде во текот на ноќта избувнал пожарот, престојувале вкупно 238 гости.
Пожарот сега е ставен под контрола, а итните служби на лице место продолжуваат со „ладење“, рече министерот.
Хотелот е изграден на рид, што го отежнува гаснењето на пожарот од сите страни, додаде Јерликаја.
Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на предупредување од локалната полиција, претходно јави дека постои опасност хотелот да се урне во секој момент. Локалните власти не го коментираа предупредувањето.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Скопје
-

Ристески: Синдикатите да направат анализа за минималната плата што ја бараат, протестите се политикантство
-

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд
-

Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур
-

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза"
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
