Македонија
9. December 2024 - 16:28

Најмалку 6 вработени ја напуштиле Онкологија за половина година, а клиниката се уште чека нови вработувања

Вработени заминуваат во пензија, други одат на подобри работни места а Онкологија се уште чека дозволи за вработување на неопходниот кадар. Итно им требаат медицински сестри, радијациони технолози, техничари и лекари. Барањето е со месеци меѓуоа долг е патот на административни процедури за да биде реализирано. На овој начин како што велат од клиниката, целиот товар е на моментално вработените кои работат многу повеќе од тоа што е потребно.

- Претпоставуваме дека таа административна процедура ќе заврши до крајот на годината и наредната година ќе ги добиеме потребните дозволи за вработување на неопходниот кадр. Во однос на тоа колку вработени ја напуштиле клиниката по основ на пензионирање или спогодбен отказ, во последните 6 месеци тоа се 6 до 7 вработени и тоа од повеќе профили – болничари, медицински сестри, административен кадар, вели проф. д-р Игор Стојковски, директор на Клиника за Онкологија. 

 Додека чекаат на бирократските процедури, од Онкологија се оптимисти дека до крајот на годината ќе можат да вработат приватни специјализанти кои се на клиниката, согласно владината одлука за вработување на 300 годинава и уште 300 специјализанти во 2025.

-Имаме моментално тројца што се на приватна специјализација и претпоставуваме дека ќе најдеме разбирање да ги вработиме, вели д-р Стојковски. 

Уште во јули месец кога министерот Таравари ја посети  Онкологија, најави дека оваа здравствена установа ќе има приоритет за вработувањата бидејќи како што кажа,  со сегашната состојба е тешко за пациентите, но уште потешко за оние кои работат на клиниката.