Свет
16. November 2018 - 10:30

Најмалку 40 повредени при судир на два автобуса во Германија

Најмалку 40 лица, меѓу кои и деца, се повредени во сообраќајна несреќа во Германија, во која учествувале два автобуса и едно возило.

Петмина од жртвите се здобиле со сериозни повреди.

Портпаролот на баварската полиција Берт Рауенбуш соопшти дека меѓу повредените во судирот кај Нирнберг има и деца на училишна возраст, но не прецизира колкав е нивниот број.

Тој додаде дека сериозно повредени патници во болница биле транспортирани со хеликоптери.