Балкан
22. January 2016 - 14:28

Најмалку 34 жртви при превртување на брод со мигранти во Грција

Грчката крајбрежна стража досега откри тела на 34 мигранти и бегалци, од кои 11 деца, во морето околу Калолимос, откако се превртел брод на кој имало непознат број лица.

Грчките власти спасиле 26 луѓе, кои сега се наоѓаат на островот Лерос.

Крајбрежната стража соопшти дека ја продолжува потрагата по исчезнати лица.