Балкан
30. July 2017 - 9:02

Најмалку 27 повредни при автобуска несреќа во Србија

Најмалку 27 лица се повредени синоќа кога автобус се преврте кај местото Ровни во близина на српскиот град Ваљево, јави Танјуг.

Според полициски извори несреќата се случила на патниот правец Ваљево - Бајина Башта, од засега непознати причини. Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец бил во прекин неколку часа.

Портпаролката на Општата болница во Ваљево, Кристина Параментиќ соопшти дека во оваа здравстевна установа биле пренесени сите 27 повредени при несреќата, од кои 14 се задржани на болничко лекување, додека останатите по укажаната медицинаска помош се пуштени дома.  

Двајца од хоспитализираните патници се наоѓаат на интезивна нега, додека останатите се распоредени на неколку одделенија на болницата.

Сите повредени патници биле планинари од Крагуевац.