Свет
6. April 2016 - 8:59

Најмалку 225 лица починаа од жолта треска во Ангола

Најмалку 225 лица починаа во Ангола како последица на инфицираност со вирусот на жолтата треска, соопшти анголскиот министер за здравство Луис Самбо, додавајќи дека досега се регистиррани околу 1.600 заболени од оваа тропска болест.

По средбата со претставници на Светската здравствена органзиација во Луанда, Самбо синоќа изјави дека болеста досега е регистрирани во 16 од вкупно 18-те провинции во Ангола. 

- Мораме да го зголемине капацитетот на одговорот, и во врска со технолошките ресурси, како лекови и вакцини, така и со бројот на персонал, додаде Самбо.

СЗО на 18 март соопшти дека од појавата на жолтата треска во Ангола кон крајот на годината, па до средуната на минатиот месец, болеста однела 158 животи.